| четврток, 6 декември 2018 |

Боксерска федерација: Обединети и сплотени под името Македонија!

И Боксерскта федерација на Македонија изрази поддршка за граѓанската иницијатива „За заедничка Македонија“. Селекторот на боксерската репрезентација, Мирко Ристески дека сите треба да имаме една иста цел, да се бориме за Македонија.

– Да бидеме обединети и да бидеме сите сплотени, за едно исто име, за една иста Македонија. Ние, како спортисти од боксерската федерација на Македонија, им порачуваме на другите и на политичарите и на обичните граѓани, да се сплотат и нашето парче земја нека не ги растураат, за сите една иста цел да имаме, за Македонија да се бориме. Во боксот и во другите спортови, има и други националности, Срби, Албанци, Турци, Роми, сите се почитуваме и затоа и сите треба и ние како народ без разлика кои сме, да ја почитуваме оваа наша мала земја, Македонија. Да живее Македонија и светот да не знае како Македонци – порача на крај Ристески.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top