| четврток, 6 декември 2018 |

Последниот жив човек роден во 19 век го прослави 116. роденден

Хиромон  Кимура, најстариот човек, го прослави својот 116. роденден минатиот петок. Роден  во 1897 година, Кимура е последниот жив човек роден во 19 век, според Гинисовата книга на светски рекорди. Жителот на Кјотанго, Јапонија, градот со најстарите луѓе на планетата, исто така, е најстариот човек во заверената историја.

А, ако сѐ уште се чувствува расположен и способен за „дружба“, постојат многу убави дами во неговата старосна група од кои може да избере. Според  листата на Геронтолошката истражувачка група во Лос Анџелес, постои 21 жена родени пред Новата 1901 година, кои сѐ уште се живи и здрави. И најстарата жена на светот во моментот, 115-годишната Мисао Окава, исто така, живее во Јапонија.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top