| четврток, 6 декември 2018 |

Претседателот Иванов – државник со меѓународно реноме

Беспредметни и тенденциозни се обвинувањата на дезориентираната опозиција дека претседтелот Ѓорге Иванов ја турка Македонија во меѓународна изолација. Со небулози кои се неми пред фактите мегафоните на СДСМ се обидуваат да го дискредитираат претседателот Иванов, па наместо со статистика која ја бележи неговата меѓународна активност, се служат со лаги кои се темелат на паушален и селективен пристап.

Претседателот Ѓорге Иванов е државник со најголема меѓународна и дипломатска активност во споредба со сите досегашни претседатели на Република Македонија. Тој е првиот македонски претседател кој го посетил Ватикан на највисоко државно ниво и единствениот кој му бил домаќин на генералниот секретар на ОН Бан Ки Мун.

Откако ја извршува функцијата претседател на Република Македонија, од 2009 година, остварил бројни средби со странски државници, а бројот на посети и неговото учество на етаблирани меѓународни настани е потрда на фактот дека е државник со најголема меѓународна и дипломатска активност во споредба со сите досегашни претседатели: 26 официјални посети, 65 работни посети, а учествувал на 80 меѓународни настани.

Во меѓународната агенда на претседателот Иванов се забележани околу 170 дипломатски активности.

image003

Остварил преку 400 средби со шефови на држави, и околу 350 средби со странски државници, премиери, министри, амбасадори и претставници на меѓународни организации и верски лидери.

Се сретнал со претседателот на САД, Барак Обама, американскиот потпретседател Бајден, претседателот на Руската Федерација, Владимир Путин, претседателот на Кина, Си Џинпинг, претседателот на Европскиот Совет Доналд Туск и сите клучни функционери на Европската унија, германската канцеларка Меркел, францускиот претседател Франсоа Оланд, турскиот претседател Ердоган, грчкиот премиер Ципрас, египетскиот претседател Сиси, израелскиот претседател Шимон Перес и многу други.

ivanov-obama

image018

image020

Во мандатот на Иванов беше остварена прва официјална посета на генерален секретар на ОН, Бан Ки-Мун на Република Македонија. Воедно Иванов е прв македонски претседател кој реализирал официјална посета на Ватикан.

image021

Во работна или официјална посета претседателот Иванов има престојувано во САД, Кина, Канада, Египет, Италија, Германија, Австрија, Велика Британија, Катар, Казахстан, Азербејџан…

image004

image005

Претседателот Иванов ја претставува Република Македонија на сите релевантни и значајни меѓународни настани.

image019

Мигрантска криза

Претседателот Иванов важи за еден од најзаслужните политичари во Европа во справувањето со мигрантската криза, со јавно признание и поддршка од сите меѓународни фактори.
Улогата на Македонија во справување со мигрантската криза и спречување на бранот на илегална миграција беше позитивно нотирана во извештаите на „Фронтекс“.

image024

Одпочетокот на кризата претседателот Иванов има реализирано преку 100 активности, разговори и средби со цел ефикасно справување со предизвиците од мигрантската и бегалската криза.
Во февруари 2016 г., претседателот Иванов учестввуаше на четири состаноци на високо ниво во Брисел, каде се одлучуваше за мерките и активностите во однос на мигрантската криза, а тој цврсто ја застапуваше македонската позиција и не дозволи изградба на бегалски кампови.

Низ Република Македонија транзитираа милион мигранти и илјадници беа згрижени во прифатните центри во Гевгелија и Куманово. Мигрантите беа третирани согласно сите меѓународни стандарди, а македонските граѓани не почувствуваа безбедносни закани.

Македонскиот идентитет, суверенитетот и незвисноста на Република Македонија се приритети воработата на првиот човек на државата, кој, претставувајќи ја Македонија, покажа храброст и се спротивстави на сите напади врз достоинството на македонскиот народ.

Јасно им е на оние кои сакаат да видат кој ја кочи Република Македонија во остварувањето на европскиот сони во реализацијата на евроатланските интеграции. Македонија не тапка во место поради претседателот Иванов, туку поради Грција, двојните стандарди во меѓународното право и начинот на донесување на одлуки во ЕУ и НАТО.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top