| четврток, 6 декември 2018 |

Стејт департментот разочаран од откажувањето на охридскиот самит

stejt department

Во реакција по откажувањето на самитот на процесот за соработка во ЈИЕ, американскиот Стејт департмент соопшти дека е разочаран што е пропуштена оваа можност за дискусии за регионалните предизвици по силните напори вложени од страна на македонскиот претседател Ѓорге Иванов.
– Македонскиот претседател Иванов и неговиот кабинет работеа многу напорно да организираат позитивен и продуктивен самит и за жалење е што лидерите од регионот ќе ја пропуштат оваа можност да дискутираат за предизвиците со кои сите тие се соочени. Идеалите за соработка и дијалог се критички важни за безбедноста, стабилноста и за просперитетот на секоја држава и на Балканот во целина – изјавиле за МИА претставници на Стејт департментот.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top