Коалицискиот договор меѓу македонските посткомунисти и албанските партии не е само вовед во распарчување на Македонија, туку темпирана бомба која се заканува да го запали целиот Балкан, анализира српскиот весник Политика.
Коалицискиот договор меѓу македонските социјалисти со албанските партии во Македонија е почеток во финализација на стратегијата настаната од Сојузот на Албанските племиња во Призрен во средината на 1878. Година, позната како Призренска лига, пишува српскиот аналитичар и главен уредник во „Национална ревија“, во Политика, Мишо Вујовиќ. Тој во својата колумна истакнува дека токму точката во Тирнската платформа со која СДСМ прифати да се осудат Србите за наводен геноцид над Албанците во период од 1912 до 1956 година не е случајност.
Според весникот, Тиранската платформа може да го разгори Балканот поради точката со која се предвидува Резолуција во Собранието со која се осудува наводниот геноцид над Албанците во Македонија во периодот од 1912 до 1956 година, што коинцидира со сега веќе неуспешната иницијатива на членот на Претседателството на Босна и Херцеговина, Бакир Изетбеговиќ, за ревизија на тужбата на БиХ против Србија пред Меѓународниот суд на правдата во Хаг.
– Призренската лига е втемелена како големоалбански проект, од кој Албанците не се откажале ни во времето на фашизмот, комунизмот, демократијата, настојувајќи дека како стратешки партнери светскиот нарко-бизнис проект ги обединува сите Албанци на Балканот и финализираат во време кога нема власт, анализира српскиот весник.
Според Политика, Тиранската платформа е четвртата албанска лига.
– Тиранскиот договор може да се третира како Четврта албанска лига. Третата лига е основана во 1946. година во Њујорк од избегани балисти и воени злосторници, а втората е основана од Абвер (од нацистичката тајна служба) во 1943. година, пишува Политика.
Во анализата се вели и дека Албанците константното ги усогласуваат ставовите со центрите на моќ, под чие покровителство одземаат не само територии туку и историја и културно наследство, полека но сигурно преземаат дел по дел од Балканските територии.
Аналитичарот Чедомир Антиќ пак во колумна под наслов „Македонија – опстанок или исчезнување“ пак пишува дека Македонија е во криза, односно дека продолжува агресијата и трагедијата на која сме жртви повеќе од четвртина век и дека само неупатен и злонамерен може да каже дека оваа криза не се однесува и на Србија.
– Во Македонија во тек е конфликт чии последици ќе ја одредат нејзината судбина дали ќе преживее или исчезне. Дали во иднина во Македонија, група албански клан шовинисти ќе го одредуваат уставот, политиката и симболите на оваа земја? Пред два месеци во Тирана, под покровителство на премиерот Еди Рама – човекот кој во Србија многу добро познат по цинизам и непристојно однесување е потпишана “Тиранската платформа”.
Тој пишува дека албанските партии во Македонија преку двосмислена програма поставуват најшироки можни барања од државата во која веќе ги уживаат правата како на ниедно друго место во Европа. На крајот Антиќ истакнува дека се плаши за Македонија и е загрижен за безбедноста на претседателот Ѓорѓе Иванов кој ја бранеше државата.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Рама: Платформата е на албанските партии, ние само им помогнавме
-
ВМРО-ДПМНЕ: СДСМ молчи за Манифестот што обединува, а прифати тиранска платформа што разединува
-
Груевски: Граѓаните не гласаа за албанската платформа, тие воопшто не знаеја за неа
-
Платформата од Тирана ќе се реализира во фази: Османи потврди дека со Заев се усогласени сите точки