Петнаесетгодишна девојка од градот Лобор во хрватско Загорје е пронајдена мртва во близина на изворот на Загорскиот водовод.
Девојчето последен пат е видено завчера, по што била алармирана полицијата. Во потрага по малолетничката тргнале и нејзините роднини и пријатели.
Сѐ уште не е потврдено дали девојчето било убиено или станува збор за самоубиство, но според првичните информации полицијата смета дека станува збор за самоубиство. Истражителите на интернет-страницата „аск.фм“ пронашле навредливи и вулгарни реченици кои биле упатени до девојчето. Повеќе пати анонимна личност ѝ напишала да се „убие“ и дека е „грда и глупава“.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.



