| четврток, 6 декември 2018 |

Aлбанската опозиција продолжува со протести сè додека Рама не си поднесе оставка

basha-1-640x360

Опозицијата останува да протестира во Тирана сè додека не си замине премиерот Еди Рама и неговата корумпирана влада, изјави лидерот на опозициската Демократска партија, Љуљзим Баша.

Албанската опозиција, која веќе три недели протестира во главниот град на Албанија, бара гаранција од Рама за слободни и фер избори преку техничка влада со широка политичка поддршка.

Доколку не се спроведат овие реформи, албанската опозиција најави дека ќе ги бојкотира парламентарните избори, кои се веќе закажани за 18 јуни.

Во текот на минатата недела, четворица министри од Владата на Рама си поднесоа оставка.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top