| четврток, 6 декември 2018 |

Европскиот суд ќе расправа за носењето шамии на работа

Европскиот суд за правда ќе одлучи денеска за тоа дали работодавачите можат да им забранат на вработените да носат исламски шамии, кои ја покриваат главата.

Судот ќе донесе одлука за случаите на две жени, вработени во Белгија и Франција, кои се отпуштени, бидејќи одбиле да ги симнат шамиите.

Тоа е спорно прашање во неколку европски земји, особено во Франција, која придава големо значење на одвојувањето на државните и верските институции.

Ова се први вакви случаи пред Европскиот суд на правдата.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top