| четврток, 6 декември 2018 |

Магистралниот гасовод Скопје-Гостивар во изградба

Во тек се градежни работи на магистралниот гасовод Скопје-Тетово-Гостивар, каде денеска ќе се изврши увид во текот на активностите.

Гасоводот е во вкупна должина од 86 километри, како трет дел од Проектот за изградба на националниот гасоводен систем во Република Македонија. Проектот е проценет на околу 30 милиони евра, а финансиските средства се обезбедени преку кредит од германската Дојче банк и Ерсте група. Изградбата треба да заврши до 2019 година.

Тендерот за изградба на овој магистрален гасовод на почетокот на минатата година го објави претпријатитето „Македонски енергетски ресурси“

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top