Кичевчани вечерва масовно излегоа на улица против рефединирање на Македонија и продавање на националните интереси. Дадоа поддршка За заедничка Македонија.
Граѓаните на општина Кичево порачаа- ДА за унитарноста и НЕ за двојазичност, кантонизација и промена на Уставот, знамето, државниот грб. Во име на граѓанската иницијатива се обрати Даме Силјаноски, а присутните ги поздрави и Идеат Реџепоски, кој говореше во име на ромската етничка заедница.
– Во име на ромската етничка заедница ве поздравувам сите кои цврсто застанавте зад граѓанската иницијатива „За заедничка Македонија” во одбрана на унитарноста и државноста на нашата заедничка татковина Македонија. Ромите од Кичево и од цела Македонија изминатите десет години успешно се интегрирани во системот на државата. Се зголеми писменоста, Ромите се дел од образовниот систем во Македонија, дечињата Роми ги има во детските градинки и речиси и да нема институција каде не работи припадник од ромската етничка заедница. Затоа сакаме Македонија да продолжи по вистинскиот пат- изјави Реџепоски.
Тој додаде дека изминатите четри години како советник во Советот на Општина Кичево ги застапувал сите граѓани без разлика на етнича или политичка припадност.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.