| четврток, 6 декември 2018 |

Хрватска тинејџерка со момчето сакала да ја разнесе Ајфеловата кула

Тинејџерка (16) со потекло од Хрватска, идентификувана како Сара и нејзиното 20-годишно момче, Томас Саурет се обвинети за изработка и поседување експлозив, како иза злосторничко здружување во терористички цели.

Полицијата верува дека двојката се запознала преку портал за муслимани и планирале исламска венчавка пред да ја разнесат Ајфеловата кула или некое друго туристичко место во Франција.

Сара му рекла на психологот дека преминала во ислам, зошто нејзниот татко, инaку Хрват кој се борел во војната во Босна, ги мразел Арапите.

Оваа приказна за двајцата млади Французи кои преминале во ислам ја објави Монд, а во случајот брзо се вклучија и истражители. Тоа, според исказот даден од девојката по апсењето, го уништило нивниот „феноменален план“.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top