Во завршна фаза е изградбата на паркот „Макфест“, кој се наоѓа во непосредна близина на Центарот за култура „Ацо Шопов“-Штип, каде што годинава на 5, 6 и на 7 октомври ќе се одржи 32. издание на Фестивалот на забавна музика „Макфест“.
Директорката на Центарот за развој на Источно-планскиот регион, Драгица Здравева денеска информираше дека ангажираната градежна компанија интензивно го гради паркот, а средствата 6.500.000 денари се обезбедени преку Министерството за локална самоуправа, односно преку Бирото за рамномерен регионален развој.
– Интензивно се работи на проектот. Очекуваме некаде до крајот на март, почетокот на април целосно да биде завршен овој проект и ќе ни биде предаден во употреба. Во овој проект партнер ни е Општина Штип, која учествува во кофинансирање на проектот. Средствата од Минситерството за локална самоуправа, односно од Бирото за регионален развој се веќе на сметката на центарот, првата времена ситуација е целосно исплатена и очекуваме, кога компанијата ќе го заврши објектот да ја извршиме целата исплата, вели Здравева.
Во паркот „Макфест“ има фонтана и плато, амфитеатрално поставени скали, нови патеки, но и мостови и канделабри со звучници, на кои секој ден од 18 до 20 часот ќе се емитуваат нумери кои се изведувани во текот на изминатите 31 издание на фестивалот „Макфест“.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Последни
-
Сензационално: Северина се разведува од Игор, поради познатата водителка!
-
Фатална сообраќајка кај Струмица: Со „Корса“ излетал од патот, загинал на лице место
-
Шон Пен во Истанбул: Ќе снима документарец за убиениот новинар Џамал Кашоги (видео)
-
Димитров: Зборовите „нација со комплекс“ се извадени од контекст