Едно лице е пренесено на Ургентен по инцидентото што се случил во неговиот дом.
Вчера во 18.40 часот во Скопје, на ул. „376“, во дворот од куќата сопственост на А.А. (52), насилно влегол А.Џ. (37) и со секира ги нападнал сопственикот, неговите ќерки С.А.(21) и А.А. (30) и неговата сопруга Х. Б. (50).
Од ударите со повреди се здобил А.А. и моментално се наоѓа во Ургентен центар Скопје.
Се преземаат мерки за целосно расчистување на случајот.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.