Првиот министер на Шкотска Никола Старџен денеска најави план за втор шкотски референдум за независност.
Во говорот во Единбург, Старџен изјави дека доколку Велика Британија сака да излезе од Европската унија, не земајќи ги предвид желбите на граѓаните на Шкотска, кои на референдумот гласаа против Брегзит, тоа во голема мера ќе ги отежне преговорите, јави „Би-Би-Си“.
Таа оцени дека Владата на Велика Британија не се поместила „ниту инч“ и дека шкотскиот народ ќе решава за својата иднина.
На прашањето дали ќе поднесе оставка доколку не успее да се избори за втор референдум, Старџен одговори дека ќе го направи „тоа што е најдобро за Шкотска“ и „не планира да загуби“.
На прашањето дали, навистина, верува дека може да се изгласа независност на вториот референдум, Старџен одговори: Да, верувам.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Последни
-
Сензационално: Северина се разведува од Игор, поради познатата водителка!
-
Фатална сообраќајка кај Струмица: Со „Корса“ излетал од патот, загинал на лице место
-
Шон Пен во Истанбул: Ќе снима документарец за убиениот новинар Џамал Кашоги (видео)
-
Димитров: Зборовите „нација со комплекс“ се извадени од контекст


