| четврток, 6 декември 2018 |

Македонија во јануари ја посетиле 25.031 странски турист

Во јануари годинава земјава ја посетиле 25.031 странски туристи, кои оствариле 46.137 ноќевања. Најбројни биле гостите од Грција, Бугарија, Албанија, Турција и Србија.

Според податоците на Државниот завод за статистика бројот на странски туристи во јануари годинава во однос на јануари лани е зголемен за 15,5 проценти, а бројот на ноќевања 15,2 отсто.

Вкупниот број туристи во јануари годинава изнесува 43.220 и бележи зголемување во однос на јануари лани за 13,3 отсто, а бројот на ноќевањата изнесува 87.894 и има зголемување за 11,7 проценти.
на ноќевањата е зголемен за 11.7%.

Бројот на домашните туристи во јануари 2017 година, во однос на јануари 2016 година, е зголемен за 10,3 отсто.

Бројот на ноќевањата на домашните туристи во јануари 2017 година, во однос на јануари 2016 година, е зголемен за 8,1 отсто.

Бројот на туристите во јануари 2017 година, во однос на претходниот месец, е зголемен за 2,7 отсто. Кај домашните туристи има зголемување за 15,7 отсто, а кај странските има намалување за 5,1 отсто.

Бројот на ноќевањата во јануари 2017 година, во однос на претходниот месец, е зголемен за 8,4 отсто. Кај домашните туристи има зголемување за 24,3 отсто, а кај странските има намалување за 2,8 отсто.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top