| четврток, 6 декември 2018 |

Мијура го собори рекордот на Метјуз и стана највозрасниот стрелец на фудбалски натпревар

miura

Легендарниот Јапонец Казујоши Мијура стана највозрасниот играч во историјата на фудбалот кој постигнал гол. На вечната листа Мијура го престигна Англичанецот Стенли Метјуз.

Казојуши Мијура викендов го постигна единствениот гол со кој Јокохама славеше против Кусатсу во втората јапонска лига. Со постигнатиот гол Мијура го собори рекордот на Метјуз и со 50 години и 14 денови и стана највозрасниот играч кој постигнал гол на официјален натпревар.

– Задоволен сум што придонесов мојот тим да победи. Секогаш сакам да постигнам гол, но пред почетокот на мечот имав чувство дека тоа и ќе го направам, рекол популарниот „кралот Кизу“.

Инаку, претходниот рекордер Метјуз пред половина век, својот последен гол во кариерата го постигна на возраст од 50 години и пет дена.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top