Сточарот од село Подвис, кај Прилеп, на југот од Македонија, Марјан Ѓорѓиоски пред неколку дена кога преку интернет стапи во контакт со слаткоречивата Елизабет Кенет остана без 30.000 евра. Дел од парите што ги „вложил“ за да заработи еден милион биле негови, а дел ги зајмил од роднините и пријателите.
Ѓорѓиоски вели дека сè почнало пред една година, кога од извесната Елизабет Кенет добил порака, која по смртта на нејзиниот татко станала наследничка на инвестициски фонд од 4,5 милиони долари и преку африкански Стандард експрот банка бара партнер од Македонија да му отстапи околу еден милион долари, кои потоа би ги пласирал во земјата. За да ги добие тие пари, Марјан на Елизабет Кенет и лажниот адвокат од банката Жан Августин, морал да им ја остави на располагање трансакциската сметка и да вложи зголемување на сумата пари за да добие лиценца и дозвола од неколку африкански институции. Тој поверувал на слаткоречивата приказна на непознатата жена и веднаш и уплатил 16.000 долари, а потоа уште 11.000.
Дека се работи за измама, сточарот од селото Подвис се посомневал дури два месеца подоцна, но веќе било предоцна. Речиси една година измамениот Марјан Ѓорѓиоски бара помош од македонската полиција и Интерпол молејќи ги да ја откријат криминалната група на измамените од Брегот на Слоновата Коска, која сигурно измамила уште повеќе лесноверни луѓе.
Истовремено, тој се обидува да најде и решение како на роднините и на пријателите да им ги врати позајметните пари што ги уплатил на „африканските инвеститори“.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Со лажен мејл и мобилен кочанец ја испразнил сметката на сограѓанин
-
Падна уште еден функционер на СДСМ во Прилеп: Присвоил над 8 милиони денари
-
Лажен доктор му понудил помош и му зел пари – Скопјанец остана без 12.000 денари
-
Тетовка измамила пет лица за 2 500 евра: Лажела дека е пријателка на Оливер Спасовски и нудела работа во јавна администрација