| четврток, 6 декември 2018 |

Како да се сакаш себе?

Кога е во прашање љубовта, многумина размислуват во категориите „или-или“. Така и филозофот Огист Конт сметал дека сме или егоисти кои се сакаат само себе или алтруисти, кои ги сакаат сите луѓе. Денес знаеме дека не е добро ниту да се биде егоист, ниту алтруисти кои несебично се даваат на другите. Егоистите на крај остануваат сами, а алтриусите на крај увидуваат дека жртвувањето за другите доведува до тоа на крај тие себе да се сметаат за жртви.

Третата позиција, некој истовремено да се сака себе и другите иако е оптимална, нема посебно имо, поради што на многумина им е нејасна. Како што оние кои кај другите забележуваат дека се себични, егоисти, саможиви, самољубиви треба да научат да ги сакаат и другите, така и оние кои се жртвуваат во име на љубовта кон другите треба да научат да се сакаат себе.

Еден од начините на кои лицето треба да искаже позитивен став за себе е да се третира себе на ист начин како што ги третира луѓето кои ги сака. Добар модел кој може да им послужи на оние кои сакаат да ја развијат вештината на самољубов е „пет јазици на љубовта“ на Гери Чепмен.

Како што на другите може да им изразиме љубов така што им кажуваме убав збор, нежен допир, ги даруваме со подароци, им правиме услуги и им посветуваме време – истото тоа може да го направиме за себе.

Затоа добро е во теот на денот да се пофалиме себе, да го препознаме својот квалитет или да се утешиме себе. Исто така е важно да водите сметка за своето тело, да се помазите со некој допир кој преризвикува љубов. Направите нешто за себе, отидете на убаво место, дозволете си некое задоволство кое ве прави среќни.

Многу е важно да имате време се забе. Ако никогаш немате време за ништо, тоа значи дека не ви е доволно важно и дека времето го посветуваме на нешто друго што ни е поважно.

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top