| четврток, 6 декември 2018 |

Неколку илјади Романци протестираа поради корупција

Неколку илјади Романци синоќа учествуваа на традиционалните протести поради корупција, јави ДПА.

Околу 2.000 лица се собрале во Букурешт. Помали протести беа организирани во уште шест градаи.

Протестите, кои почнаа во јануари, беа предизвикани од владиниот указ за декриминализација на одредени корупциски дела, но по одредено време указот беше повлечен од страна на романската влада.

Сепак, протестите продолжија бидејќи, како што наведоа демонстрантите, постои опасност од плановите на владејачката партија за наоѓање „излез“ во законот за корумпирани политичари.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top