| четврток, 6 декември 2018 |

Бразил: Две лица загинаа и најмалку десетмина се водат како исчезнати поради поројни дождови

Две лица загинаа, а најмалку десетина се водат како исчезнати, како последица на поројните дождови и силниот ветар што го зафатија јужниот дел на Бразил, јавија локалните власти.

Невремето во Рио Гранди до Сул предизвика сериозни штети.

Многу домови се разурнати, а околу 50.000 објекти останаа без електрична енергија.

Неколку улици во Порто Алегри се под вода. Движењето на некои патишта е запрено.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top