–Тоа што сето тоа беше објавено во Тирана под покровителство на шеф на друга држава, за мене претставува мешање на Албанија во внатрешните работи на една соседна држава, вели Кочи.
Според Др.Кочи, СДСМ е партија која е многу таинствена и затворена кога се работи за нејзината програма и работа. Тој потенцира дека партијата на последните избори не кажала ништо конкретно за нејзините цели, освен пар слогани.
Др.Кочи го смета за неодговорно што сега СДСМ во нивниот коалиционен договор кој во крајна линија може да ја редефинира комплетно државата, ако не и да допринесе за нејзино целосно растурање не било опфатено во изборната програма на таа партија.
„Јас можам да претпоставам дека сега многу гласачи на СДСМ знаејќи ги овие партиски цели би гласале сосема поинаку. Мое лично мислење е дека заради неговата желба само да се довлече до власт, откако обидите за пуч предминатата година пропадна, господинот Заев, како што велиме ние во Австрија си ја продал душата на ѓаволот.“ потенцира Др. Кочи.
Др.Кочи зборуваше и за двојните аршини на западните демократии во однос на некој прашања кога истите ги тангираат нив и кога истите го тангираат некој друг. Како типичен пример го спомна позитивниот став на западот кон платформата од Тирана, додека од друга страна во Европа се слуша еден огромен вресок кога Турски министри кај нивната Турска заедница во Европа сакаат изборно да се презентираат.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Последни
-
Сензационално: Северина се разведува од Игор, поради познатата водителка!
-
Фатална сообраќајка кај Струмица: Со „Корса“ излетал од патот, загинал на лице место
-
Шон Пен во Истанбул: Ќе снима документарец за убиениот новинар Џамал Кашоги (видео)
-
Димитров: Зборовите „нација со комплекс“ се извадени од контекст