Македонската репрезентација до 16 години ја победи Ерменија со 2:1 на контролниот натпревар на тренинг центарот “Петар Милошевски” во Скопје.
Избраниците на селекторот Горан Станиќ со пресврт во второто полувреме ја запишаа првата победа во двомечот со младите ерменски фудбалери.
Кире Трпчевски во 51. минута и Куштрим Таири во 61. минута беа стрелци за нашата репрезентација. Гостите од 20. минута преку Петросујан го отворија резултатот на средбата.
МАКЕДОНИЈА до 16 години: Матеј Андов, Борис Јакимовски, Ален Личина, Емил Скоко, Кристијан Трпчевски, Божидар Митревски, Кире Трпчевски, Амар Колашинац, Ибраим Ариф, Агон Елези, Бефтијар Бесир;
Во игра влегоа: Таири, Новевски, Јусуфов, Арсовски и Тошевски.
Фото: ffm.mk
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Последни
-
Сензационално: Северина се разведува од Игор, поради познатата водителка!
-
Фатална сообраќајка кај Струмица: Со „Корса“ излетал од патот, загинал на лице место
-
Шон Пен во Истанбул: Ќе снима документарец за убиениот новинар Џамал Кашоги (видео)
-
Димитров: Зборовите „нација со комплекс“ се извадени од контекст