Инаку, кога сме кај протестите, не знам дали во ВМРО-ДПМНЕ имаат блага претстава дека ја губат пропагандата војна. Тоа можеби не се гледа од зградата, ниту се гледа од оптовареност со копи пејст порталите, ама минусот е тука. Не дека на некого од надвор му е грижа за тоа, тоа си е партиска работа, ама ако на другата страна имаш проект што ја поништува државата, надвор од здравиот разум е на тоа да се спротивставуваш со стратегија од времето на Стариот завет на Библијата. Патем, кога на времето беше апсен Велија Рамковски, тоа беше удар на слободата на медиумите. Нешто не ги гледам истите тие амбасади и домашните нивни платеници сега да врескаат по повод притворот на Сеад Kочан, кој може да значи с`, но и не мора да значи ништо, односно не мора да значи дека Kочан навистина направил нешто криминално. А? Kаде се изгубија сите тие партизани? Господо амбасадори, па нели плаќате цела сурија овде да се бори за слободата? Kаде ви се изгубија борците? Е, затоа имате секој ден стотина илјади на улиците оти народот ве препознава како лажговци и манипуланти со двојни аршини. И затоа тој народ застана зад одлуката на Иванов. Оти, тој Иванов, е нивен. Вие не сте, пишува Дарко Јаневски во колумната „Умните наспроти глупавите“ објавена во „Дневник“
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Кабинет на Иванов: Претседателот ќе се обрати пред Парламентот!
-
Иванов: Албанскиот јазик е важен дел од македонското мултиетничко и мултијазично општество
-
Иванов го честиташе 11 Октомври: Достојно и гордо да го чуваме ова парче земја бидејќи тоа е сè што имаме
-
Иванов во Њу Џерси: Конечната одговорност е на македонските граѓани