| четврток, 6 декември 2018 |

Писмо до македонскиот народ и другите кои живеат во Македонија, Европа

д-р Марија Емилија Кукубајска,               писател, универзитетски професор по американска и британска култура и литература

д-р Марија Емилија Кукубајска, писател, универзитетски професор по американска и британска култура и литература

Како дел од културата и цивилизацијата – религијата му оставила на човештвото лекции за трајните духовни закони. Една од нив ја содржи пораката од Стариот Завет за неверниот дел од Изралците кој го градел Златното теле. Ако споредиме по 3300 години, денес и во Македонија неверниот дел од народот го повторува тој синдром на предавство на човечноста, правдата, слободата и мирот како највозвишени цивилизациски вредности.
Разликата е во следното: наместо теле – денес „револуционерите за промени“ направија златен зајак генетски модифициран со крилја на орел. Телето, од страна на правдата и законитоста, сепак било скршено на парчиња, но овој пат во современата историја на Македонија, освен внатрешните предавници се вмешани актери и надвор од земјата, со што е умножена опасноста за кршење на Македонија, иако заедно со измамникот и велепредавникот, златниот зајак.
Мнозинскиот и праведен народ во Македонија се крева во мирољубиви протести против подлата и крајно деструктивна природа на овој зајак која се состои од секуларисти/атеисти во едниот дел и од фанатизирани верници во другиот. Зајакот кој војува против вистината за Македонија треба да биде спречен да не ја наведе во неповратен хаос на подземната реалност и „Политичката Алиса во земјата на чудата“ од Европа и од домашните предавници меѓу социјал демократите. Непослушната Алиса од литературата сепак се вратила во стварниот свет, но политичката Алиса може да доведе до реално уништување на Македонскиот народ. Ако му се дозволи на зајакот да го гради светот на Македонија спрема неговата реалност, ќе биде предоцна да се распознае таа реалност која новата Западната левица и „светската „влада“ ја диктира преку зајакот и неговите заштитници – како пост-национални, пост-религиозни, пост-хумани и други уништувачки (деконструктивни) игри со народите на светот, а посебно со народите кои опстанале со милениуми и не се дел од пост-колонијалните, сега глобалистички конструкти на планетата, од кои секако не е Македонскиот народ.
Ќе дозволат ли денес демократските влади од ЕУ, од Западот и од членките на Обединетите Нации, да се игнорираат клучните лекции од културата, религијата, националната и духовната историја на цивилизациите, за да не се повторуваат неправдите и катастрофите кај народите во 21 век, или варварските инстинкти во т.н. „елитни“ примероци од луѓето сепак ќе ги прекршат и скршат демократските принципи на човештвото?! Останува да го употребуваме правото на говор и собирање ида апелираме до совеста на Европа и САД- да не дозволуваат да бидат измамени во зајачката дупка во која непријателите на Македонскиот народ кријат експлозии и илузии – не само за нив можните воени злосторници кои ја хранеа ЕУ со лажни информирања на Сорос мрежите(mainstream fake news)? Сепак и сеуште не сакаме да веруваме дека ЕУ ги потхранува(ла) нив?! Ние сеуште и сепак сакаме да ти веруваме, Европо?
Мнозинството од Македонскиот народ во Македонија е „За заедничка Македонија! Совесна Европо, заштити ги навреме сопствените демократски придобивки и универзални права за постоење на народите и културите- верувај му на тој Македонски народ, и не застанувај на страната на манипулациите на СДСМ со постизборно откриената, неодржлива, погубна агенда за Македонија која е платформа на странска влада – наменета за уништување на националниот идентитет и државниот интегритет на Македонски народ, со негирање на Македонскиот јазик, знаме, химна, грб, пари, устав.
Македонскиот е, и не може да не остане – европски народ, заедно со другите, и древни и современи народи, земји, имиња, јазици и култури на светот!

Ставовите искажани во рубриката Колумни се лични ставови на авторите и не се автоматски и ставови на редакцијата на Republika.mk. Редакцијата на Republika.mk се оградува од ставовите во објавените колумни, а одговорноста за изнесеното во нив е исклучиво на авторот.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top