| четврток, 6 декември 2018 |

Москва: Евакуирани 1.500 лица поради анонимна дојава за поставена бомба

Речиси 1.500 лица се евакуирани од филмскиот центар во Москва по анонимна закана за поставена бомба, соопшти неименуван извор од Итната служба, пренесува Танјуг.

– После анонимниот повик, од објектите на филмскиот центар евакуирани се над 1.400 лица. Во тек е проверка на просториите, ја пренесува Спутник изјавата на изворот.

Полицијата го примила повикот во 19.55 часот по московско време.

Дежурниот офицер изјави дека полицијата се обидува да го идентификува човекот кој ја упатил заканата.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top