Дополнителните 30 милиони евра помош за санирање на последиците од бегалската криза во Западен Балкан, што ги одобри вчера Европската унија, треба да се користат за потребите за управување на границите и бранот мигранти, за обезбедување сместување и услуги за мигрантите и бегалците, како и за поддршка на локалните заедници.
Од Европската комисија наведоа дека овие средства се одобрени покрај 59-те милиони евра кои веќе се доделени на Македонија и на Србија од почетокот на мигрантската криза во 2015 година.
– Одобрениот пакет ќе помогне во понатамошно подобрување со управувачките капацитети кога се во прашање границите и миграцијата во регионот. Ќе овозможат продолжување на поддршката на пограничната полиција со цел контролата на границите да се спроведува со согласност со европските стандарди и со цел запирање на криумчарењето на луѓе. Средствата ќе обезбедат понатамошна поддршка за тие кои се одговорни за обезбедување на основните потреби на мигрантите и бегалците, како што е сместувањето, здравствените услуги, но и заштита, посебно на ранливите групи, се наведува во соопштението на ЕК.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Мигранти зеле дрва за огрев од затворено кафуле во Грција и оставиле 10 евра
-
Мексико ќе ги депортира мигрантите кои насилно се обиделе да влезат во САД
-
За Тереза, Абиби, Сара, Семра, Мануела… – овие работи се потребни во Прифатниот центар Визбегово
-
Мигрантите го пробија кордонот во БиХ и се упатија кон хрватската граница (видео)