Шпанскиот сеизмолог Жорди Диаз, вработен во сеизмолошкиот институт „Хауме Алмера“, вели дека сите голови на Барселона против ПСЖ предизвикале одредени движења во земјата, но она што се случило на последниот, односно шестиот гол на Серхи Роберто, е навистина неверојатно.
Еуфоријата на 99 илјади навивачи на „Камп ноу“ по голот на Роберто во 95. минута предизвикала сеизмолошки движења во земјата, а Диаз тврди дека станувало збор за земјотрес од еден степен според Рихтеровата скала.
A shaking Camp Nou during an historical #UCL comeback match Barça-PSG. Ground motion registered by our seismometer via @JDiazCusi pic.twitter.com/igI4q9x2bm
— ICTJA – CSIC (@ICTJA_CSIC) March 9, 2017
– Секој од шесте постигнати гола е идентификуван како бран со мала магнитуда во сеизмички сигнал. Сето ова се должи на движењето и скокањето на публката за време на прославата. Нашите инструменти, сето ова го идентификуваат како сеизмичко движење. После голот на Серхи Роберто, се забележа најголемата вибрација регистрирана од нашиот сеизмометар кога се во прашање сите натпревари некогаш одиграни. Ова никогаш не е забележано, движењето на земјата беше регистрирано како потрес од еден степен според рихтер, – потенцира Диаз.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.