Во сите годишни извештаи на Европската Унија се потенцира слободата на медиумите. Се мери целовкупната слобода и општетсвото како влијае врз медиумите. Во конкретниот случај имаме состојба што ЕУ под дифолт би ја осудила. Вака новинарот и дописник на МИА од Брисел, Бобан Нонковиќ ја коментира актуелната состојба околу одлуката на кривичниот суд за одредување мерка притвор за бизнисменот и сопственик на „ТВ НОВА“ Сеад Кочан, по барање на Специјалното јавно обвинителство.
– Без разлика дали се работи за човек, кој од една страна е сопственик на медиум, а од друга страна е осомничен за нешто што не е директно поврзано со медиумот, сепак Европската Комисија (ЕК) под дифолт би требала да регира и да побара почитување на пресумција на невиност и пред се почитување на слободата на медиумите, бидејќи во конкретниов случај се раздвоени. Фирмата каде бил сопственик Кочан и неговото сегашно делување како сопственик на ТВ НОВА да не се поврзат на ниту еден начин, со цел да се заштити медиумот како глас на јавноста. Европските примери покажуваат дека на целиот европски континент имаме сопственишво на приватни медиуми од страна на големи бизнис корпорации или финансиски могули кои дали од каприц или интерес да се придонесе во разноликост во мислењето, формираат медиуми, и тие се заштитени кога станува збор за нивното делување во рамки на медиумите, односно во однос на тоа – како нивните медиуми допринесуваат за слободата на изразување – изјави Нонковиќ во „Аргументи“ на ТВ НОВА, на тема „Политиката и медиумите“.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.