Граѓанската иницијатива „За заедничка Македонија“ вечерва во Скопје го одржа 12. протест на кој беа повторени пораките за унитарна Македонија, против двојазичноста и за отфрлање на „Тиранската платформа“.
Пред присутните се обрати и поетесата Виолета Сековска која порача дека името и јазикот се идентитетот на нацијата кои мора да бидат сочувани.
На протестот во Скопје се обрати и Лупчо Аризанов, претседател на регионалниот Сојуз на Лозари, Агротиквешија од Кавадарци, кој порача да престанат поделбите.
Од Граѓанската иницијатива „За заедничка Македонија“ најавија дека продолжуваат со протестите се до целосно исполнување на нивните барања. Протести за поддршка на граѓанската иницијатива „За заедничка Македонија“ вечерва се одржаа и во 25 други градови низ Македонија.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.