| четврток, 6 декември 2018 |

Уапсени голите феминистки од Фемен

femen-foto-afp-3fТри активистки на феминистичката група Фемен се уапсени во Тунис. Причина за апсењето е „топлес акцијата“, која прв пат ја изведуваат во арапскиот свет, за да ја поддржат туниската активистка, која е во затвор од 19 мај.

Пред голем број новинари собрани пред судот во Тунис, три млади жени, две Французинки и една Германка, извикувале „Слобода за Амина“, што се однесуваше на затворената Тунишанка, која го чека утрешниот процес во Каируана за илегално носење на спреј за самоодбрана. Полицајците трите активистки ги одведоа во просториите на судот.

Акцијата на Фемен предизвика негодување на голем број минувачи и адвокати, кои влегоа во судир со присутните новинари. По тепачката, полицајците интервенираа и уапсија шестмина новинари од француска и туниска националност, кои работат за западните медиуми.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top