| четврток, 6 декември 2018 |

Спорниот Фервекс го нема во Македонија, но превентивно повлечени сите серии

ferveksИзвестување за повлекување од аптеките на производот Фервекс за возрасни со шеќер, гранули за перорален раствор (во ќесички) денеска стасало и до Бирото за лекови. Бирото  за лекови добило официјален допис од компанијата Фармасвис ДООЕЛ, која е застапник на производителот Бристол Мајерс Сквиб (Bristol-Myers Squibb) од Франција, дека производителот самиот решил превентивно да ги повлече сите серии од производот Фервекс за возрасни со шеќер, гранули за перорален раствор (во ќесички).  Fervex sugar free (гранули за перорална употреба без шеќер) не се повлекуваат од производителот и ги има во продажба во аптеките.

Според дописот повлекувањето е како превентивна мерка додека трае испитувањето на сите лотови на производот FERVEX®ADULT RASPBERRY, кој не е регистриран во Македонија и никогашне бил присутен на македонскиот пазар, ниту на пазарот во соседните земји. Овој производ е со слична формулација на гранулите Фервекс во ќесички за возрасни кои се
присутни и се продаваат на нашиот пазар.

Од компанијата посочуват дека се преземени сите потребни превентивни мерки и залихата од сите серии од овој производ е повлечена од дистрибутерите на големо, а истото продолжува да се врши и од аптеките во најкраток можен рок.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top