-За кого сме овде? За Македонија, Македонија е земја во која живеат сите Македонци и ние не бараме ништо туѓо, никој нема морално право на еден народ да му го одземе јазикот и идентитетот, ниту јазикот ни го подариле па сега да го вратиме, ниту името сме го добиле на референдум па сега да гласаме за него – истакна поетесата Виолета Сековска.
Таа истакна и дека без оглед кој владее во нашата земја, народот е еден, јазикот е еден и само тој може да го спои сиот народ во едно.
-Со раѓање сме го добиле и името, и во смртт со него заминуваме, без името ни смртта не може да не пронајде, зарек ќе дозволиме некој од надвор да ни решава за јазикот и да ни посакува смртт пред време, затоа што без јазикот ние сме живи погребани. Јазикот е клучот на нашето срце, го губиме клучот, го губиме и јазикот, земја и држава не се освојува само со мечеви, туку и со јазици, порача Сековска вечерва пред Собранието на Република Македонија.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Последни
-
Сензационално: Северина се разведува од Игор, поради познатата водителка!
-
Фатална сообраќајка кај Струмица: Со „Корса“ излетал од патот, загинал на лице место
-
Шон Пен во Истанбул: Ќе снима документарец за убиениот новинар Џамал Кашоги (видео)
-
Димитров: Зборовите „нација со комплекс“ се извадени од контекст