Фернандо Ратеги е млад професор од Перу, кој живее и работи во Охрид. Ратеги живеел и работел во повеќе земји од Европа, но причината што дошол во Македонија, како што открива за „Република“, е можноста да го исполни својот сон, односно да работи како истражувачки кадар. За Македонците вели дека се вистински пријатели, луѓе што знаат да му покажат на странец дека и во туѓа земја може да се чувствува како дома. Ја сака македонската музика, рибјата чорба и вели дека летово си поставил посебен предизвик, сака да ја истражи Македонија
Кога првпат дојдовте во Македонија?
Во Македонија, поточно во Охрид, дојдов пред шест недели. Навистина се изненадив од тоа што ме пречека овде, пријатни луѓе, убава земја со културни навики што само овде ги има.
Доаѓате од земја со различна култура и традиција од Македонија. Како успеавте да се адаптирате на животот овде?
Па јас би кажал дека сѐ уште сум во процес на адаптирање на начинот на кој се живее во оваа земја. Моето потекло е од Јужна Америка. Јас сум од Перу, а пораснав во Перу и во Венецуела. Јас многу години живеев и во Европа, во Германија и во Велика Британија. Затоа сметам дека промената на место на живеење одлично ја прифаќам, сепак тоа зависи и од човекот и од новата средина во која се наоѓа.
Како решивте да живеете во Македонија?
Бев во потрага по мојот сон, јас би рекол: работа во академските институции. Така наидов на можност и на понуда на која не можев да ѝ одолеам, да работам во УИНТ како наставен и истражувачки кадар.
Кое е Вашето искуство? Знае ли Македонецот да подаде рака и да помогне доколку е потребно?
Луѓето во Македонија се многу љубезни. Тие се многу добри и љубопитни, сакаат да дознаат сѐ за местото од кое доаѓате, што се случува таму, каков е животниот стандард… Посебно, морам да истакнам дека моите колеги се прекрасни, ми помогнаа да се преселам овде и да се чувствувам како дома.
Кој е Вашиот впечаток, има ли пријатели меѓу Македонците?
Македонскиот народ е пријателски народ. Луѓето овде, генерално, изгледаат многу среќно, ја имаат и својата локална музика, која, навистина, остави голем впечаток на странец како мене бидејќи постојано може да се слушне од секој ресторан во градот. Луѓето се секогаш насмеани, овде човек се чувствува пријатно, сакано и топло.
Ви се допаѓа ли македонската традиционална кујна?
Па, иако не сум овде премногу долго, сепак тоа што јас сум го пробал многу ми се допаѓа. Искрено препорачувам рибја чорба, телешко месо и риба. И, секако, сите видови македонски чорби. Како што можете да забележите, јас многу сакам чорби. Храната овде е единствена, тие вкусови досега не сум имал можност да ги консумирам во друга држава, па ни приближно.
Имате ли слободно време за да ја истражите Македонија?
Знам дека Македонија крие многу природни богатства, сум читал, а и гледав видеа за земјата. Засега не сум имал можност да видам други места, освен Охрид. Само еднаш бев кратко во Скопје, но имам планови да посетам многу градови во земјата во текот на летото.
Ви недостига ли родната земја?
Секако, посебно луѓето што ги оставате дома.
Кои се Вашите планови, останувате ли во Македонија?
Ми се допаѓа Македонија и се надевам де сѐ ќе се одвива убаво за да можам да останам овде колку што може подолго.
Пишува:К.Н.К
(Текстот е објавен во 236 број на Неделникот „Република“)
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Последни
-
Сензационално: Северина се разведува од Игор, поради познатата водителка!
-
Фатална сообраќајка кај Струмица: Со „Корса“ излетал од патот, загинал на лице место
-
Шон Пен во Истанбул: Ќе снима документарец за убиениот новинар Џамал Кашоги (видео)
-
Димитров: Зборовите „нација со комплекс“ се извадени од контекст