Иако помина веќе пет децении од смртта на Мерилин Монро, една од најубавите актерки и понатаму е предмет на интересирање кај светксите медиуми, но и кај обожавателите, кои се трудат да дознаат што повеќе за добро чуваните тајни од животот на славната русокоса.
Негодувања за оваа можност постојат од порано, особено по тоа што гинекологот Леон Крон даде навистина јасни индикации, дека по два спонтани абортуса, актерката повторно забременила во 1961г. и родила ќерка во јуни, следната година.
Целата оваа приказна може да добие драматични пресврти по судската постапка што ја почнала 53-годишната Глејдис Бејкер Морис, која најголемиот дел од животот го поминала во верување дека е далечен потомок на Мерилин, односно дека трагично настраданата акетрка била роднина на нејзината мајка Мередит Бејкер.
Меѓутоа, во март 2014 година, таа на смртната постела ѝ признала на својата ќерка дека е посвоена, дека таа е, всушност, плод на врската меѓу Мерилин и тогашниот американски претседател Џон Ф. Кенеди.
– Ми кажа дека Мерлин се плашела дека браќата Кенеди ќе го убијат нејзиното дете ако дознаат за бременоста, па откако се породила во тајност, веднаш ме сокрила кај Мередит- откри жената што тврди дека е ќерка на Мерилин и ги почна ДНК-анализите за докажување за своето потекло.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Последни
-
Сензационално: Северина се разведува од Игор, поради познатата водителка!
-
Фатална сообраќајка кај Струмица: Со „Корса“ излетал од патот, загинал на лице место
-
Шон Пен во Истанбул: Ќе снима документарец за убиениот новинар Џамал Кашоги (видео)
-
Димитров: Зборовите „нација со комплекс“ се извадени од контекст


