| четврток, 6 декември 2018 |

Груевски: СДСМ е подготвен да лицитира со државните и национални интереси

sdsm-albanskiПротестите во Македонија влегоа во својата втора недела, а земјата веќе две години е во тешка политичка криза. Во интервју за српски „Телеграф“, лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Никола Груевски, вели дека македонскиот народ е на нозе и дека нема да се повлече. Груевски во интервјуто говореше за можните излези од кризата, односите со Албанците и ситуацијата во регионот

Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ за српски „Телеграф“ вели дека не може да предвиди каква ќе биде реакцијата на Албанците, доколку не се прифатат нивните предлози

-Не знам и не можам да претпоставам. Сѐ е ова манипулација со Албанците во земјата. Нивниот живот нема да се подобри ако имаат двојазичност во Штип или Струмица каде што нема Албанци, а ќе се подобри ако продолжиме со привлекувањето инвестиции и отворање нови работни места, зголемување на стандардот, со поголеми пензии, плати, субвенции во земјоделството, подобро образование и на албански јазик, подобро здравство и инфраструктура – изјави Груевски.

Тој истакнува и дека не е изненаден од барањето на албанските партии, туку е изненаден и разочаран од подготвеноста на СДСМ да прифати сѐ што било побарано.

-Партиите на Албанците се најдоа во ситуација со 20 пратеници да решаваат кој ќе ја состави идната влада. Тие беа изненадени во кампањата кога СДСМ, соочена со поразот на изборите и можноста дел од нивното раководство да одговараат за корупција и криминал, да излезат со понуда до Албанците, која тие ја немаа во план. Затоа, кога видоа дека ова е шанса за уцена, настапуваат максималистички. Кога ќе видат дека СДСМ е одготвен да лицитира со државните и национални интереси, сосема е нормално да ја кренат цената за својата поддршка – вели Груевски.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top