| четврток, 6 декември 2018 |

Рамчиловиќ: Се врши директен удар врз бошњачката заедница (ВИДЕО)

Се врши директен удар врз бошњачката заедница, вели за ТВ Нова претседателот на партијата на Бошњаците Зекир Рамчиловиќ. Според него во моментов се спроведува добро осмислено сценарио.

„Сеад Кочан освен како успешен бизнисмен и сопственик на медиум е бошњак, којшто е активно вклучен во подобрувањето на статусот на бошњаците, како и многу други хуманитарни активности и манифестации, дури и надвор од Македонија“, посочи Рамчиловиќ.

Тој истакна дека се прави удар вез бошњачката заедница, бидејќи ставовите на бошњаците се мултиетничка, мултикултурна и унитарна Македонија.

„Ќе има многу реакции, нема да има селективна правда во Македонија“, изјави Рамчиловиќ и додаде дека сите активности во судството, особено, работата на Специјалното јавно обвинителство мора да се преиспира и да се стави крај на нарачаните обвиненија.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top