Обично, ситуациите што стануваат нерешливи, безизлезни и фиксирани за состојбата во која заглавиле, а за која нема никакво реално решение, ги нарекуваат пат-позиции. Овој термин „пат“ е преземен од шаховската терминологија и означува невозможност за продолжување на играта бидeјќи кралот нашол толку добра стратегиска позиција, што противничката „армада“, иако е многукратно посилна на „теренот“ и веќе ги победила војските на кралот губитник, сепак не може да ја извојува победата. Дури може и тој, кој имал толку голема материјална и стратегиска предност, во оваа ситуација да биде акцептиран како губитник, со оглед на тоа што загубил добиена позиција.
Обично, вакви моменти им се случуваат на шахисти-почетници. Искусните играчи никогаш не заглавуваат во вакви дилетантски ќор-сокаци на шаховската игра.
Искусните играчи, исто така, треба да ја играат и таа игра – уметност на возможното, популарно наречена – политика.
Но, како што вели старата германска поговорка, премногу готвачи го расипуваат јадењето. Токму тоа се случи со најновата состојба на политичката сцена во Република Македонија. Одеднаш, целата конструкција, добро обмислена од стотици „умни“ глави, се распадна, а нејзините дезинтегрирани делови сведочат за големиот пресврт, за шокот, за космичките закони на акцијата и на реакцијата.
Турбулентните промени во новата американска администрација ги оставија абонентите на старата администрација без земја под нозете. Тука мислам на тие домашни галеничиња, кои под покровителство на американската амбасада во Скопје и на Сорос Транснационале без причини аздисуваа последниве две-три години по скопскиот урбан простор. Или, подобро – со причини, колку апсурдни и тенденциозни, толку субверзивни и антидржавни. Сепак, секој има право на свој став и на свое незадоволство. Но кога сето тоа ќе се претвори во агресивна хистерија и вандализам, тогаш тоа прераснува во едно немо и анимално малтретирање на граѓаните. И тоа трае и трае, а Сорос Транснационале и американската амбасада во Скопје истураат ли истураат милиони долари на запалливо масло.
Сите воспалени хулигани од скопските улици тука добија значајни ролји, плус хонорари, а да не ја споменувам помодарската аура на „револуционери“, што медиумите на Сорос Транснационале ја дуваат до небесата на славата.
Да фрлаат балони со боја врз спомениците на културата, да вандализираат институции и да палат претседателска канцеларија.
Не знам колку се свесни, но сето тоа е едно грдо и неподносливо силување на сите хумани и цивилизациски вредности. Веројатно не се свесни. Што да се прави, толкав им е менталниот капацитет.
И, така, стампедото на овие рогати говеда (според менталниот капацитет) тргна да ја освои власта.
Траекториите на движење им беа диригирани од страната на агентите на Сорос Транснационале, кодошите од американската амбасада во Скопје, разни ситни стратегиски „експерти“ од НАТО и од ЕУ, па разни наемници од соседните земји, па разни бандитски шефови и мафијашки команданти и по некој самопрогласен револуционер.
И, така, оваа гротескна армија на криминалци и на профитери влезе во итра игра на појавување и на криење, на ветувања и на шарени балони, на мимикрија и на лудо комедијантство, на патетика и на хистерија.
Прво ова почна да дава резултати, скромни, но кога надојдоа доларите на Сорос Транснационале и на американската амбасада во Скопје, одеднаш армијата на комедијанти и на предавници се засили, се зацврсти и стана заканувачка по поредокот.
– Ма, каков патриотизам! Дај парите, да удрам неколку куртони со боја по Триумфалната арка, па да си одиме на Халкидики!
Стратегија, проста како грав. Но, делотворна. Во комбинација со кодошките акции на прислушување на приватните разговори на владетелите и нивна дистрибуција по електронските медиуми, финансирани од Сорос Транснационале и американската амбасада во Скопје, резултатите значајно се подобрија.
И го накрмија рибникот, наречен ФИРОМ, со храна, што не мал број крапови одбија да ја јадат, но, сепак, еден значаен дел од нив ја проголта, па дури и уште сака да гнете.
И, еве им ја платформата. Ајде де, голтнете ја! Ајде, стоко! Голтај!
И почнаа да ја голтаат зашто веќе немаше каде. И ќе ја изголтаат, кога е власт во прашање, за нив и за нивниот водач нема лимити.
Но им се случи народ. Е тоа не беше планирано. Тука малку им се слоши, но се понадеваа, дека авторитетот на американската амбасада во Скопје и на Сорос Транснационале ќе ги покријат, ама…
Тоа го однесе виорот на историските промени.
Еееј, говеда рогати! Сте чуле ли дека Доналд Трамп ја победи Хилари Клинтон на изборите за претседател на САД?!
Но, за нив тоа не значи многу. Тие живеат во изолиран и аутистичен свет (во еден вид бара) и мислат дека илузионистот Зоки може да направи сѐ.
Затоа нашиот принципиелен претседател, Ѓорѓе Иванов, кој е одговорен пред историјата, мораше да ги потсети на реалноста.
По овој, за мене, херојски чин на претседателот Ѓорѓе Иванов, тие, конечно, сфатија дека нивниот поход кон власта е запрен. Ова е пат-позиција, при која, конечно, правдата и моралните принципи во политиката и во општествените релации ќе се појават на сцената како делотворни механизми за конечно воспоставување стабилен цивилизациски поредок во земјава. Луѓето ќе се собираат кон правичната опција, предводена од патриотските сили, а носителите на платформата ќе останат осамени на бојното поле како генерали без војска.
Ставовите искажани во рубриката Колумни се лични ставови на авторите и не се автоматски и ставови на редакцијата на Republika.mk. Редакцијата на Republika.mk се оградува од ставовите во објавените колумни, а одговорноста за изнесеното во нив е исклучиво на авторот.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Последни
-
Сензационално: Северина се разведува од Игор, поради познатата водителка!
-
Фатална сообраќајка кај Струмица: Со „Корса“ излетал од патот, загинал на лице место
-
Шон Пен во Истанбул: Ќе снима документарец за убиениот новинар Џамал Кашоги (видео)
-
Димитров: Зборовите „нација со комплекс“ се извадени од контекст