Додека се крчка женидбава на Заев, сакам да известам дека во реалниот свет се случуваат крупни работи. Подземјето ЦИА именувано како „дип стејт“ војува против новиот претседател на САД и американскиот народ. Со сите расположливи средства го попречува формирањето нова администрација. Тешко и бавно се одвиваат смените на кадрите. Фамозниот цијашки седми кат на Стејт департментот дава жилав отпор. Ене го Хојт Ли, еве го и Бејли. Се попречуваат истрагите на сите начини, а главно преку медиумските трабанти на ЦИА и корумпираните политичари. Арно ама втрча повторно „Викиликс“ и во вашингтонското мочуриште експлодира хидрогенска бомба „волт 7“. Седум илјади документи кои докажуваат дека ЦИА е монструм што управувал и со Америка и со т.н. слободен цивилизиран свет сега слободно циркулираат. Партнер во злосторничково здружение и бил британскиот „МИ5!“? Претседателите, владите на Западот да ти биле нивни кукли, привид, маска. Администрациите нејзини службеничиња. Демократија? Малку утре! Чист фашистички матрикс, пишува Мирка Велиновска во својата колумна.
– Зошто е тоа важно за Македонија? Па затоа што сега и ние дознаваме зошто постоел Владе Милчин, зошто е атентатиран Глигоров, убиен Трајковски, компромитиран Георгиевски, устоличен Црвенковски, тргнат Груевски, како е измислен и црпнат од нива Зоран Заев, како Зоран Верушевски и неговата банда работеле за овие криминалци и фашисти скоцкани како Чадор. За што служат Шекеринска и Фрчковски. Ни се разјаснија и „големото уво“ и војната во 2001 и појавата на УЧK и борците за човекови права и бомбите на Заев. Од каде ги добивале прислушуваните разговори, зошто се измислени Kатица Јанева и специјалното обвинителство, која агенда ја имал цијашот Џес Бејли, прво во Турција, па во Македонија. Фино се гледа и од каде доаѓа таа фамозна координација меѓу ЕУ, НАТО и ОБСЕ во поглед на темата Македонија.
– Зошто Груевски не успеа да одработи еден четиригодишен мандат добиен на избори. Kако се најде Македонија на линија на огнот и зошто и по смената на власта во Вашингтон овде уште парадираат членови на вашингтонското подземје како Хојт Ли или Федерика Могерини. Сите такви, просто кажано, се борат за својот физички опстанок. Во Америка за такви постои смртна казна со стрелање. Во Европа ќе видиме. Сите се во позиција на Марко Антониј кој од далеку сакаше да го освои Рим. Само што Зоран Заев како локален периферен контрактор ни во лудило не може да се реинкарнира во Kлеопатра. Kако нусе на албанската мафија и потрошен материјал на ЦИА може да проба, но, што би рекол циникот Kисинџер, таквиот шљам кој е спремен да предаде еднаш, ќе предаде и втор и трет пат, па е најдобро веднаш откако ќе го употребите, да го бакнете за збогум. Преку самсунг-телевизор, паметен автомобил, ептен умен телефон или авион не е важно, пишува Велиновска во својата последна колумна Свадбата на Зајко Македонија вечна.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Заев: Размислуваме за законска измена за справување со кучињата
-
Заев: Македонско-грчката комисија ќе почне да работи откако ќе се ратификува Договорот од Преспа во двете земји
-
Помирување, со цел промена на името и Уставот на Република Македонија, не е прифатливо
-
Заев за грчки „Еуроњуз”: На Македонија не ѝ се потребни избори