| четврток, 6 декември 2018 |

Марк Цукерберг ќе стане татко по вторпат

Марк Цукерберг објави дека неговата сопруга Присила Чан е бремена и дека за неколку месеци ќе добијат уште едно девојче.

– Кога дознавме дека е повторно бремена, прво – се надевавме бебето да е здраво, а потоа се надевав дека е девојче… Многу сум среќен што Маџ и нашето (второ) бебе ќе се имаат една со друга, напиша Цукерберг на Фејсбук.

Двојката веќе ја има 15-месечната Маџ, а среќниот татко призна дека не очекувале уште едно бебе, со оглед на тоа дека Присила и првиот пат едвај останала бремена.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top