| четврток, 6 декември 2018 |

Хеликоптерска несреќа во Истанбул, загинаа пет лица

Најмалку пет лица загинаа при пад на хеликоптер во Истанбул, јави турската телевизија НТВ.

Во хеликоптерот се наоѓале двајца пилоти, четворица странци и еден турски патник, објави весникот „Хуриет“.

Телевизијата НТВ информира дека хеликоптерот за гаснење пожар се урнал набрзо по полетувањето, откако удрил во телевизиска кула во квартот Бујукчекмеџе.

Градоначалникот на таа општина, Хасан Акгун изјави дека несреќата се случила во 11 часот и 30 минути по локално време (9 часот и 30 минути по средно европско време) и најверојатно причина е густата магла.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top