Натпреварот меѓу Барселона и ПСЖ од осминафиналето во Лигата на шампионите е и натаму тема број еден во фудбалскиот свет. И по два дена, една од централните теми е главниот судија на дуелот.
Дениз Ајтекин од Германија донесе неколку сомнителни одлуки на мечот во корист на домашните. На сето тоа имаше жалба од ПСЖ, кои го оспоруваа пеналот над Суарез, но и дуелот меѓу Маскерано и Ди Марија по кој Ајтекин не досуди пенал за гостите.
Според последните информации, судиската организација на УЕФА на чело со Пјерлуиџи Колина ќе го разгледува целиот случај и можна е суспензија за судијата од Германија. Се очекува, и покрај тоа што беше во потесниот избор на судии за делење на правдата до крајот на сезоната во Европа, сепак да оди на „ладење“ и да биде суспендиран до крајот на оваа сезона.
Во секој случај, и јавноста е поделена околу делењето на правдата на „Камп ноу“. Дел мисли дека сè беше регуларно што се однесува до судењето, а дела дека тимот од Париз е украден и спречен да ги продолжи натамошните европски натпреварувања.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Паника во Барселона: Сомнителен куфер со можна бомба, евакуирани два воза
-
Масовна тепачка меѓу навивачите на „ПСЖ“ и „Ѕвезда“, полицијата ги смирувала со палки (Видео)
-
Македонија на 13 октомври го пречекува Лихтенштајн
-
Судири меѓу полицијата и каталонски сепаратисти во Барселона: Има повредени и уапсени