Кога пред 21 година Босанката Зијада Ишиќ од Травник почнала да копа по контејнери, единсвена цел и било само да преживее и никогаш не сонувала дека ќе стигне онаму каде што е сега. Taa денес е сопственичка на успешна фирма за Еко индустриски отпад со 15 вработени.
На местото каде сега се наоѓа фирмата некогаш имало депонија, а упорноста и истрајноста на оваа жена може да биде пример за многумина.
– Многунима ми се смееја, но мене никогаш не ми беше срам. Срам ми беше да крадам и да сстанам крадец, изјавила Зијада за Федерална.ба.
Тоа што за многумина било ѓубре, за Зијада и нејзиноото семејство било капитал со кој трпеливо ја граделе фирмата. Денеска сортираниот отпад од стакло, пластика, ткаенина и хартија откупуваат од 17 препријатија и ги продаваат во странство.
– Денеска тоа е производ број еден кој е многу баран на европскиот пазар, Ние можеме да им го понудиме, а тие може да го платат, вели Зијада.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Поради необична причина добила отказ па решила да ја тужи фирмата, а еве што одлучил судот
-
Фирмата на Анѓушев го избра новиот управител и започна преговори за промена на сопственичката структура
-
Фирма од Прилеп преку владините мерки – успешен пример како од нула се развива сопствен бизнис
-
Охрид: Замена на металните контејнери со пластични