Иако ви се чини дека годината ви започна добро, сепак доколку сте родени во некој од следниве хороскопски знаци, прочитајте што ви порачуваат ѕвездите за да избегнете оваа година да ви се претвори во најлошата досега.
Овие знакови дефинитивно ќе имаат помалку среќа од останатите, а на удар ќе биде нивниот џеб, а не љубовта или здравјето.
Бик
Луѓето родени во овој знак нема да имаат премногу среќа кога се во прашање парите и поради тоа мораат внимателно да раководат со финансиите доколку не сакаат да останат без ништо. Исто така, не би смееле да позајмуваат пари, па така оваа година ќе биде тешка и несреќна за Биковите.
Девица
Овој знак би требало да избегнува коцкање или било каков илегален начин на заработка, инаку ќе изгуби сè. Ова особено доаѓа до израз во декември, поточно на 17ти декември.
Водолија
Водолиите треба да обрнат посебно внимание на тоа да се усмерат кон пронаоѓање на животен баланс, во спротивно среќата нема да им биде наклонета, посебно кога станува збор за здравјето.
Одмарајте се повеќе после работа и не се прејадувајте.
Риби
Вас повремено ќе ви биде потребен ладен туш за да се вратите во реалноста. Иако ќе имате доволно пари за да ја истуркате 2017та година, нема да ги имате во изобилие и поради тоа ќе морате да поработите повеќе на вашите финансиски навики.
Во случај да се најдете во финансиска криза, избегнувајте го коцкањето по секоја цена.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.