| четврток, 6 декември 2018 |

Протест во Велес: Ние граѓаните нема да им дозволиме да се загрози унитарноста на Македонија

Граѓанската иницијатива „За заедничка Македонија“ вечерва во Велес организираше масовен мирен протест пред Споменикот на Панко Брашнаров во Новиот дел на Велес. Протестот подржан од мнозинството граѓани продолжи со мирен марш низ главната велешка улица се до центарот на Велес кај двата споменика – на Коста Солев Рацин и на Коњаникот во чест на велешките Илинденци.

Учесниците како и во изминатите осум дена и вечерва во голем број мирно и достоинствено ја искажааа својата решеност да истраат во напорите за зачувување на унитарноста на Македонија во одбрана на Уставот, името на државата, грбот и знамето.
Пред споменикот на Рацин, Антонио Китанов, работник во институција од културата во Велес, и член на граѓанската иницијатива „За заедничка Македонија“ порача да останеме сите сплотени за да се справиме од како што рече ова зло.

– Ние не сме нападнати од внатрешни непријатели ,тие се само инструмент и зад сето сценарио стојат големите сили. Во овој четвртти Илинден на Македонија како што го нарекуваме од граѓанската иницијатива „За заедничка Македонија“ ние се бориме против јаките западни сили кои го иницираа оваа сценарио се со цел да се загрози незвисноста унитарноста, суверенитетот и независноста на Р.Македонија. Но ние граѓаните на Велес и цела Македонија нема да им го дозволиме тоа, заради нашата и иднината на нашите деца. Македонија треба да се сака со срце, порача Китанов.

veles1-640x426

veles11-640x426

veles15-640x426

veles2-640x426

veles4-640x426

veles6-640x426

veles7-640x426

veles11-640x426

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top