Граѓаните на Крива Паланка и вечерва дадоа масовна поддршка на иницијативата „За заедничка Македонија“ со мирен марш низ градските улици.
Од протестот на кој се пееја македонски патриотски песни Паланчани ја искажаа јасната порака дека не поддржуваат двојазичност и кантонизација на државата.
Пред граѓаните се обрати доктор Јордан Пачков кој рече дека за Македониај се решава сега.
– Јас сум Македонец, мојот татко е Македонец, мојот дедо е Македонец. Ја побиваме теоријата дека на оваа почва пред 100 години немало Македонци. Јас сум излезен заради мојот внук и заради моите деца за утре да можат гордо да кажат дека нивниот татко или дедо се борел за таа земја, рече Пачков.
Според него, и сите Паланчани ја сфатиле таа порака дека за Македонија се решава сега.
– Излезете, горди Македонци, поддржете не, затоа што вашите деца утре ќе се гордеат со вас, додаде Пачков.
Маршот заврши мирно, со собир на плоштадот „Карпошово Востание“ пред зградата на локалната самоуправа на општината.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Крива Паланка: Се тепале во кафуле, побегнале од полициска станица и на крај прегазиле полицаец
-
Груевски: Се стремиме и понатаму да им служиме на граѓаните
-
Алексовски: Во Крива Паланка ќе воведеме гасификација и ќе изградиме населби за млади брачни парови
-
Митинг на ВМРО ДПМНЕ и коалицијата „За подобра Македонија“ во Крива Паланка (живо)