Не смееме да заборавиме дека идолизирањето на човек е исто така прикриен облик на агресија.Кога ме идолизираат, се чувствувам нападнато – изјави врховниот поглавар на Римокатоличката црква за „Цајт“, додавајќи дека е “грешник и не е без мани“. Папата исто така открива дека му се случува и да се посомнева во верата.
-Има тешки моменти кога знам да кажам: Господе ова не го разбирам!, а тоа не се само моменти на внатрешен немир, туку и тешки ситуации во кои сам сум влегол по сопствена вина“ – изјавил Аргентинецот.
-Јасно ми е дека на некои луѓе не им се допаѓа мојот пристап, и тоа е сосема во ред. Секој има
право на свое мислење. Тоа е легитимно, човечки и обогатува“– додал папата, за критиките кои одредени луѓе ги имаат за неговиот однос кон верата.
Без да навлегува во детали, ја споменал и “вереницата“ од својата младост, но додал дека не се подготвувал за женидба.
Тоа што го загрижува е популизмот во Европа.
-Популизмот е лош и се завршува лошо, тоа го видовме во претходниот век – изјави папата,
додавајќи дека целиот свет е во војна “трета светска војна, која се ширил дел по дел.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Последни
-
Сензационално: Северина се разведува од Игор, поради познатата водителка!
-
Фатална сообраќајка кај Струмица: Со „Корса“ излетал од патот, загинал на лице место
-
Шон Пен во Истанбул: Ќе снима документарец за убиениот новинар Џамал Кашоги (видео)
-
Димитров: Зборовите „нација со комплекс“ се извадени од контекст


