Претседателот на Србија, Томислав Николиќ денеска свика вонредна седница на Советот за безбедност поради иницијативата на Косово да создаде армија и одлуката на косовскиот Парламент да го прекине дијалогот со Белград до ослободување на поранешниот премиер Рамуш Харадинај, јави ТАНЈУГ.
Седницата ќе се одржи в понеделник, на 13 март.
Претседателот на Косово, Хашим Тачи вчера изјави дека Приштина ќе продолжи да ги реформира безбедносните сили во редовна армија, независно од реакциите на САД и на НАТО. Тој наведе дека Европа не треба да стравува од косовската армија туку од руски воени бази во Србија, од руските авиони МиГ и од руските воени вежби во Србија.
Парламентот на Косово денеска изгласа резолуција со која се бара безусловно ослободување на поранешниот косовски премиер Харадинај, кој е приведен во Франција по распишана потерница од Србија, под обвинение за извршени воени злосторства. Со резолуцијата се бара и прекин на дијалогот со Белград, доколку не биде исполнето барањето.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Последни
-
Сензационално: Северина се разведува од Игор, поради познатата водителка!
-
Фатална сообраќајка кај Струмица: Со „Корса“ излетал од патот, загинал на лице место
-
Шон Пен во Истанбул: Ќе снима документарец за убиениот новинар Џамал Кашоги (видео)
-
Димитров: Зборовите „нација со комплекс“ се извадени од контекст


