Протестен марш вечерва по шести пат се одржа и во Неготино. Зборувајќи пред присутните на градскиот плоштад, шаховскиот велемајстор Трајко Недев рече дека ја претставувал земјава на над 10 олимпијади и на 10 европски првенства и секогаш се борел да допишат со пенкало Македонија, наместо ФИРОМ.
– Кога освојував олипијски медал, европски медел, се гордеев дека сум Македонец! Кога го освоивме европскиот клубски куп 2016 година, се вееше македонско знаме. Земјата ја сакам со моите резултати, затоа сум тука, тука и ќе останам!, нагласи тој.
Името, знамето, рече, не се работи кои се продаваат на тезга. -Мојата земја се вика Македонија, на моето знаме има сонце, така и ќе остане, додаде Недев.
Пред присутните се обрати и магистер Трајанка Апостолова, наставник по француски јазик.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Последни
-
Сензационално: Северина се разведува од Игор, поради познатата водителка!
-
Фатална сообраќајка кај Струмица: Со „Корса“ излетал од патот, загинал на лице место
-
Шон Пен во Истанбул: Ќе снима документарец за убиениот новинар Џамал Кашоги (видео)
-
Димитров: Зборовите „нација со комплекс“ се извадени од контекст


