| четврток, 6 декември 2018 |

Овој Македонец е сопственик на најголемата компанија за флаширана вода во Америка

Ендру  Пејков- Енди Јр. (Andrew Peykoff-Andy) е четриесет годишен успешен бизнисмен кој е сопственик на најголемата компанија за производство на флаширана вода во Америка- „ Niagara Drinking Water Inc

Фамилијарниот бизнис на Пејкови е еден од најбрзорастечките бизниси во Америка во последните 20 години, а Андреј вели дека најголема причина за успехот било тоа што целата фамилија сложно работела на развој на бизнисот.

endipejkov

Компанијата ја основал таткото на Енди во 1963 година, а Пејков Јуниор ја наследил откога татко му доживеал срцев удар.  Денеска во „Нијагара“ работат околу 2800 работници, а мотото на Енди со кое ги поттикнува своите вработени да бидат што подобри е „Во нашата компанија е перфектно нормално понекогаш да не успееш во некоја задача“.

Добитници се на безброј награди за иновации и за употреба на еколошка технологија и еко дизајн  во производството. Во фамилијата Пејкови има осум браќа, од кои петорица се во компанијата.  Со конкуренцијата се борат со евтини цени, а нивните производи се продаваат во сите поголеми маркети низ Америка.

Ендру Пејков Сениор е прогласен за почесен  конзул на Македонија во Калифорнија.

 

извор:македонија денес

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top