| четврток, 6 декември 2018 |

Кривична пријава за едно лице за нападот на новинарите на „А1-он“

Поднесена е кривична пријава за кривично дело „насилство“ против едно лице осомничено за настаните за нападнатите и повредени новинари на порталот А1-он, информира министерот за внатрешни работи Агим Нухоу на денешната средба со претседателот на Здружението на новинари на Македонија (ЗНМ) Насер Селмани и претставници на ЗНМ.

Како што соопшти Министерството за внатрешни работи (МВР), на средбата министерот Нухиу ги информирал претставниците на ЗНМ за преземените активности на МВР во врска со настаните во кои беа нападнати и телесно повредени новинари на порталот А1-ОН.

– Министерот Нухиу истакна дека во врска со тој настан веќе е поднесена кривична пријава за кривично дело „насилство“ против еден идентификуван осомничен и оти МВР, професионално и врз основа на своите законски надлежности, ќе продолжи со расчистување како на овој така и на сите други случаи во кои оштетени се претставниците на медиумите, се вели во соопштението од МВР.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top